Утрински Весник
Магазин

Во Дубаи се гради најголемиот аеродром во светот

Ap24119333679445 1714356145.webp.webp

Властите во Дубаи најавија изградба на нов патнички терминал на аеродромот Ал Мактум, кој се очекува да стане „најголемиот аеродром во светот“, а вредноста на изградбата ќе биде 34,8 милијарди долари.

-Ги одобривме плановите за нов патнички терминал на меѓународниот аеродром Ал Мактум и почеток на реализација на проектот вреден околу 34,85 милијарди долари – напиша лидерот на Дубаи и премиер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Рашед Ал Мактум, на Твитер (платформа Х).

Според него, кога ќе се изгради терминалот, аеродромот ќе биде „најголем во светот“ со капацитет од 260 милиони патници годишно.

Новиот аеродром ќе биде пет пати поголем од меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најпрометните во светот.

Првата фаза од проектот ќе биде завршена во рок од десет години, а потоа новиот аеродром „ќе прима 150 милиони патници годишно“.

Лоциран на периферијата на Дубаи, од 2010 година аеродромот Ал Мактум добива мал дел од воздушниот сообраќај на богатиот заливски емират.

Тој аеродром треба да носи патници од меѓународниот аеродром во Дубаи, чиј максимален капацитет е 120 милиони патници, а чија локација во центарот на градот го спречува неговото проширување.

Можете да прочитате

Роналдо секогаш има црн лак на нозете – еве што се крие зад тоа

5 хороскопски знаци кои наскоро би можеле да ја сретнат љубовта на својот живот

Се огласи Кејт Мидлтон: објави нова фотографија и му испрати прекрасни зборови на сопругот