Утрински Весник
Спорт

Војдан Стојановски е МВП на финалната серија

Војдан Стојановски е МВП на финалната серија

МЗТ Скопје Аеродром ја освои десеттата шампионска титула во клупската историја, а репрезентативецот Војдан Стијановски уште еднаш ја потврди класата добивајќи го МВП признанието.

dobivaj vesti na viber

Репрезентативното крило, и капитен на националниот тим, беше расположен во финалната серија од плеј-офот, водејќи ги своите соиграчи на паркетот до три победи во дуелите со Пелистер.

Тој ја отвори финалната серија со 11 поени, девет скока, две асистенции и две украдени топки на првиот натпревар, кој МЗТ го доби со 84:64. Следеше експлозија во вториот натпревар, односно 23 поени, три скока, четири асистенции и пет украдени топки во триумфот од 75:67.

На последниот натпревар во оваа серија кој заврши со 83:92 за старо-новиот шампион, Војдан Стојановски запиша неверојатни 33 поени, седум скока, две асистенции и една украдена топка.

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години