Утрински Весник
Македонија

Во четврток 30 април 2026 ни доаѓа големо заладување и планински снег

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под  влијание на значително  поладна воздушна маса  од  север, веќе во четврток 30 април 2026  во  Македонија температурите значително ќе опаднат за околу  па и за  повеќе од 10 степени во споредба  на  оние температури кои  ги имаме сега. Времето ќе   биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а  поради  заладувањето на планините над 1200/1300  метри надморска височина врнежите од дожд  ќе преминат во врнежи од  снег.


Сето ова ќе биде проследено  со повремено засилен  ветер од северен правец.

Во Скопје  и околината исто  така во  четврток на 30 април 2026 времето ќе  биде променливо облачно со повремен  локален  дожд и со  повремено засилен  ветер од  северен  правец. И во Скопје и  околината во  четврток на 30  април 2026 очекувам значително заладување на времето.

Температурите во четврток на 30 април 2026  кај нас  во Македонија ќе бидат значително под просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во  интервалот од  9 до 18 степени. Во  Скопје и околината  температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Можете да прочитате

Законот за пратеници денеска влегува во Собрание

(Видео) Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете на шеталиште во Охрид

Забраната за двојно државјанство за пратениците утре на собраниска комисија