Утрински Весник
Свет

Арагчи во посета на Русија на средби со Путин и Лавров

Iran.webp.webp

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во Санкт Петербург во официјална посета на Руската Федерација.

За време на посетата,тој ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и со рускиот претседател Владимир Путин, објави Тасним.


Арагчи ќе се сретне со високи руски претставници и ќе разговара за билатералните односи меѓу Иран и Русија, како и за регионалните и меѓународните случувања.

„Во продолжение на дипломатскиот џихад за унапредување на интересите на земјата и во услови на надворешни закани, министерот за надворешни работи на Исламската Република Иран ќе се сретне со претседателот на Русија за време на неговата посета на Санкт Петербург“, изјави иранскиот амбасадор Казем Џалали.

Арагчи претходно се сретна со високи пакистански и омански претставници за време на неговите посети на Исламабад и Мускат.

Можете да прочитате

Нов опасен тренд: Криминалци регрутираат тинејџери преку социјални мрежи за убиства

Кенеди Помладиот: САД погрешија во одговорот на Kовид-19, потребна е промена на здравствената политика

Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната