Утрински Весник
Балкан

Во Босна и Херцеговина почнува забраната за пушење во сите затворени објекти

20241213083736 Big 730x400 65.webp.webp

На територијата на Босна и Херцеговина се применува правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти.

Правилникот стапи во сила пред шест месеци, но им се остави простор на угостителските објекти да се адаптираат половина година.


Законскиот предлог предвидува дека правните лица кои нема да забранат употреба на тутун ќе платат глоба до 5.000 марки (околу 2.500 евра), додека физичкото лице кое тутун консумира во затворен простор ќе се казни со глоба од 100 марки (околу 50 евра).

Казните ќе почнат да се наплатуваат за шест месеци.

Во Босна и Херцеговина (БиХ), тутунски производи користат речиси еден милион луѓе, од околу 3,5 милиони жители.

Можете да прочитате

Спречен вооружен грабеж во Мостар: Продавачка се спротивстави на напаѓач со автоматска пушка

Вооружен грабеж во филијала на поштата во грчкиот град Лутраки – одземени околу 32.000 евра

Танкер во сопственост на турска компанија нападнат со дронови утрово во близина на Босфор