Утрински Весник
Македонија

Во Битола проекција на македонскиот документарен филм „Градина“

20250409072227 big 730x400 48.webp.webp

Во Центарот за култура во Битола вечер ќе биде приредена проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ или „Приказна за последните урбани герила градинари.“

Тимот што го подготви и сними филмот информира дека „Градина“ е посветен на последните герила градинари во Скопје кои по триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, се соочени со иселување.


На културниот настан ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и кинематограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот.

Проекцијата на македонскиот документарен филм „Градина“ е закажана за 19 часот во малата сала на Центарот за култура-Битола, каде ќе се емитува и во наредните четири денови, до 12 април.

Можете да прочитате

63 бели столчиња и 63 бели рози: Кочани се поклонува пред жртвите од „Пулс“

Телефонски разговор на Муцунски со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа

Викендов 1198 сообраќајни прекршоци, уапсени 42 лица за безобѕирно управување на возило