Утрински Весник
Балкан

Во Албанија продолжуваат протестите против комплексот на зетот на Трамп

Albanianpolice.webp.webp

Во Тирана, главниот град на Албанија, со денови траат масовни протести. Демонстрантите бараат откажување на градежен проект за кој се тврди дека е поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Трамп, кој има намера да изгради луксузен одморалиште на ненаселениот остров Сазан, поранешна воена база во Јадранското Море.

Изградба е планирана и на брегот, во заштитено подрачје, недалеку од градот Валона.

Демонстрантите истакнуваат дека таков градежен проект би го загрозил живеалиштето на заштитените растителни и животински видови, но исто така предупредуваат на наводни злоупотреби во постапката.

Премиерот Еди Рама го брани проектот и вели дека додека е на власт, инвестицијата нема да биде напуштена.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31