Утрински Весник
Македонија

Внимавајте: Канцерогени материи пронајдени во популарни презервативи

Komdomi.webp.webp

Перзервативите Тројан прогласени како „Американски перзерватив бр. 1“, се во центарот на контроверзии поради наводите дека содржат опасни хемикалии познати како PFAS, кои се поврзани со ризикот од рак.

Наводите се изнесени во новата групна тужба поднесена во понеделникот во федералниот суд на Менхетен.

Обвинителот Метју Гудман, кој го поведе случајот против компанијата „Черч и Двајт“ од Њу Џерси, тврди дека тројанските кондоми што ги произведува оваа компанија се токсични и несоодветни за употреба. Независното лабораториско тестирање на ултратенки кондоми купени во аптека на Менхетен откри присуство на PFAS (про и полифлуороалкилни супстанции), што предизвика загриженост кај потрошувачите, пренесува Блиц.

Пронајдени трајни хемикалии

„Врз основа на етикетата, верував дека производите се безбедни за употреба на гениталиите“, рече Гудман во тужбата, истакнувајќи дека би избегнал да ги купи овие перзервативи доколку знаел за присуството на опасните хемикалии. Сега бара најмалку 5 долари милиони евра отштета за него и за другите клиенти низ Соединетите Американски Држави.

PFAS, познати како „трајни хемикалии“ поради нивната отпорност на деградација во човечкото тело и животната средина, се поврзани со сериозни здравствени проблеми. Истражувањата покажаа дека овие хемикалии може да предизвикаат покачен холестерол, ниска родилна тежина кај новороденчињата, намален имунолошки одговор на вакцините, како и рак на бубрезите и тестисите. Овие супстанции се наоѓаат во многу производи за широка потрошувачка, вклучувајќи козметика, нелепливи тави и облека отпорна на дамки.

Во јули оваа година, блогот за заштита на потрошувачите Mamavation ги објави резултатите од тестирањето на 29 популарни кондоми и лубриканти, кои открија присуство на PFAS во неколку производи, меѓу кои и Trojan Ultra Thin перзервативи. Овој извештај предизвика голема загриженост кај потрошувачите кои ги користат овие производи.

Church & Dwight сè уште не одговориле на барањата за коментар во врска со тужбата. Исто така, адвокатите кои го застапуваат Гудман не реагираа веднаш. Овој случај може да ја отвори вратата за поширока дебата за безбедноста на производите кои доаѓаат во директен контакт со човечкото тело, особено оние кои се широко достапни и се рекламираат како безбедни.

Можете да прочитате

Филипче за „Клик плус”:СДСМ ќе иницира затворена седница, за Мицкоски да го каже планот за евроинтеграциите

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт, ДПА потврди за одлуката

Филипче предупредува на нови задолжувања поради линеарното покачување на пензиите