Утрински Весник
Балкан

Турската полиција застрела Грк на граничен премин- со автомобил направил хаос (ВИДЕО)

Uploads Thumbs Resize 800x420 658564.jpg

Маж од Грција денеска е застрелан во судир со турската полиција на грчко-турската граница.

Според локалните медиуми, Гркот со голема брзина влетал на граничниот премин Ипсала. На видеото се гледа дека тој најпрвин намерно налетал на мотоциклист кој бил паркиран покрај патот и продолжил понатаму без да внимава. Возачот потоа наводно се упатил кон турските полицајци кои пукале во него.

Прототема наведува дека бил застрелан во ногата и пренесен во болница.

Очигледно се работи за маж кој имал проблеми од психолошка природа.

За инцидентот бил информиран грчкиот конзул во Адрианопол.

Можете да прочитате

ОСТАВКИ ПОДНЕСОА СИТЕ ПРОФЕСОРИ ОД ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД Не сакаат да се изјаснат за ископувањето на литиум

Ова не сте го знаеле: Тито има жив споменик во овој град

Коста ги обвинува родителите: Мајка ми постојано бараше повеќе од мене, а да не беа пиштолите на татко ми немаше да пукам