Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и Ковачевски континуирано работи на штета на граѓаните

Информација за потпишување на договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата  и општините

Катастрофалното и расипничко работење на владата на СДС и Димитар Ковачевски резултира со ново поскапување на цените, овој пат на услугите на Агенцијата за катастер на недвижности. Во време кога државата има инфлација од 20 проценти, цените на сите прехранбени производи се до плафон, сиромаштијата е се поголема, граѓаните ќе плаќаат и до 500 проценти повисоки цели за услугите од Агенцијата за катастер на недвижности. Или изразено во пари тоа би изгледало вака, ако до сега една услуга за изработка на геодетски елаборат чинела 750 денари, сега истата ќе чини дури 1.552 денари; ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега со новите покачувања ќе чини 1200 денари, или ако имотен лист чинеше 180 денари, сега истиот ќе кошта 250, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека владата на СДС удира по џебот на граѓаните и поради неспособност да менаџира со кризите ги зголемува цените. Згора на тоа, СДС ја претвори државата во своја приватна сопственост за спроведување на матни бизнис зделки и лично богатење. Имено, директорот на ЈП Железници Хари Локвенец дава тендер за геодетски услуги на фирмата на Светлана Тунџева, сопруга на директорот на Катастер Борис Тунџев во вредност од 40.000 евра. Од една страна Туџев ги зголемува цените, а од друга страна неговата сопруга добива пари за геодетски услуги од ЈП Железници, претпријатие кое е пред колапс.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС ги користат државните институции како алатка за испумпување на државни пари, додека државата и граѓаните тонат во беда и сиромаштија. И ова не единствен ваков случај, има многу случаеви каде народните пари завршуваат во џебовите на високи владини функционери. Повеќе од очигледно е дека наместо концепт на транспарентност и отчетност, владата спроведува концепт на крадење и лажење.

Владата на СДС и Ковачевски континуирано работи на штета на граѓаните. И токму затоа потребни се промени и избори час поскоро. Доаѓа време на одговорност, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара