Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден 1 септември без учебници за учениците

ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден 1 септември без учебници за учениците

„Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Од 1 септември повторно нема да има учебници за сите ученици. Власта на ДУИ и СДС е неспремна да организира образовен процес.

За што се издвојуваат милиони евра од буџетот за учебници, кога учениците ги добиваат на средина на учебната година?

Заради неспособноста на власта од буџетот се издвојуваат неколкукратно пари еднаш за скрипти или скенирани учебници, втор пат за печатење.

Власта е неспособна да го менаџира образованието, од ден во ден се повеќе тоне. Потребни се промени. Потребни се избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!