Утрински Весник
Македонија

Левица: Мостови пред распаѓање го чуваат водостојот на Тиквешко – Мицкоски продава приказна за владина „стратегија”

Levica.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Мицкоски гордо зборува за некакви стратегии и механизми со кои Владата наводно спречила сушно сценарио и обезбедила вода во Тиквешката акумулација. Реалноста кај Возарци е до тој степен апсурдна што буквално може да се нарече политичка сатира – водата во езерото  се задржува затоа што не смее да се испушта низ Црна Река и дополнително да ги натопува и еродира веќе поткопаните фундаменти на мостовите. Она што премиерот енергетичар го рекламира како државничко управување, на терен изгледа како принудна мерка поради инфраструктура која со години е оставена сама на себе.

Жителите на Возарци токму на ова предупредуваат. Ерозијата околу фундаментите веќе го има разјадено подножјето, а поголемо и континуирано испуштање од акумулацијата би значело повторно изложување на оштетените делови на вода и продолжување на процесот на поткопување. Затоа протокот се држи единствено со цел просторот околу темелите да остане што е можно посув. Резултатот е бизарен – еден инфраструктурен проблем практично придонесува за зачувување на поголема количина вода во акумулацијата.

И тука паѓа целата самофалба на Мицкоски. Да беа мостовите навреме санирани и фундаментите обезбедени од ерозија, денес немаше овој инфраструктурен проблем да биде фактичка кочница за поголемо празнење на Тиквеш. Колку вода тогаш ќе останеше во езерото е сосема легитимно прашање. Премиерот енергетичар, сепак, резултатот го пакува како плод на некаква промислена политика, додека вистинскиот ‘механизам’ кај Возарци е многу попрост – чувај ја водата горе, за да не ти го дојаде мостот долу.

Скандалозно е што станува збор за систем од стратешко значење. ЕЛЕМ го дефинира хидросистемот „Тиквеш” како систем со двојна намена – производство на електрична енергија и наводнување на Тиквешко Поле, еден од најтоплите и најсушните региони во Македонија. Управувањето со таква акумулација треба да се темели врз водостопански биланси, потребите на земјоделството, расположливите резерви и безбедно одржувана инфраструктура. 

Надлежните должат одговори: Дали и во кој обем состојбата на мостовите кај Возарци влијае врз режимот на испуштање од Тиквешката акумулација? Кој определил колкав проток е безбеден? Од кога е познато ерозивното поткопување на фундаментите? Постојат ли стручни елаборати за нивната состојба, што предвидуваат и зошто санацијата досега не е изведена? Истовремено треба јавно да се објават податоците за дотокот, испустот и нивото на акумулацијата, за граѓаните сами да видат колку од денешната состојба е резултат на планирање, а колку на принудно приспособување кон распадната инфраструктура.

Мицкоски може да ѝ даде какво сака име на оваа состојба. Фактот е дека во Македонија дојдовме до точка во која еродираните темели на мост можат да бидат поефикасен чувар на водната резерва од владината “стратегија”. 

Тоа е целата лудост на системот – Тиквеш се чува за Црна Река да не ги натопува поткопаните темели, мостот се чува со помалку вода, а Мицкоски од меѓусебното крпење на два проблема произведува приказна за успешно управување.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година