Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до локалната власт во Гостивар, повика на целосна истрага за случајот со водата

Vmro Dpmne 1.jpg

Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина.


Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа.

Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, меѓу кои и деца со симптоми на труење побарале лекарска помош во болница, а според сомнежите, причина за тоа е загадувањето на питката вода во Гостивар.

Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари, на ваков непрофесионален, аматерски и незаконски начин ги извршуваат работните активности за кои граѓаните ги избрале.

Ваквиот начин на водење на локална самоуправа, кој граѓаните ги остави без елементарно право на чиста и безбедна вода за пиење, е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет да ја водат општината.

Во овие неизвесни моменти, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со гостиварчани, го осудува овој скандал во Гостивар и изразува загриженост за здравјето и животот на граѓаните.

Граѓаните заслужуваат достоинствени услови за живот и тоа го очекуваат од нивните локални избраници, а не да живеат во страв поради неодговорното владеење на СДС, ДУИ и Таравари.

Бараме и очекуваме целосно расветлување на случајот од страна на сите надлежни институции и повикуваме секој кој со своите постапки го загрозил здравјето и го ставил во опасност животот на граѓаните, да одговара согласно закон.

Можете да прочитате

Клековски: И натаму има 250 до 300 нови случаи дневно во Гостивар, анализите на водата готови утре

СДСМ: ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, а сега бара уште 6 години за Охрид

ИЈЗ со важни препораки за граѓаните на Гостивар