Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби

Vmro.jpeg

Интегрален текст од сопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат.


СДС месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби.

СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси.

СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го толерираа водејќи се од единствениот нивни приоритет, а тоа е останување на власт.

Обидот на СДС со декларативни изјави и формално оградување од ДУИ се неубедливи и провидни, бидејќи народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДС.

СДС се наоѓа на крстопат и ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби, во спротивно ќе докажат само дека се уште го штитат.

Можете да прочитате

Филков: Разрешувањето на Коцевски е неопходен чекор за враќање на довербата во правосудството

Доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари – Не сме виновни за високите цени, велат производителите

Сообраќај по влажни коловози, намалена видливост поради магла