Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС потпиша договор за добрососедство, а односитe со Бугарија никогаш не биле полоши

Бугарија го враќа амбасадорот во Софија и ги замрзнува сите меѓудржавни проекти со Македонија

За СДС е успех што успеале да организираат настан, кој со децении се организира, воодушевени од себе и сами се фалат со соопштенија. Очигледно е дека СДС очекуваше друг тек на настаните, особено откако ја понижија Македонија и шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија, но народот ги демантираше. Заради СДС Македонија е негирана, понижена и блокирана, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека тоа што полициските службеници си ја вршеле работата на Деве Баир не е резултат на способноста на Ковачевски или некој од СДС, тоа е нивна задача и должност. Од друга страна, наспроти полицијата која е од народот, СДС вчера си го понижи народот и не дозволи да положи цвеќе, оставија стотици на студот, и се изживуваше со граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека односите со Бугарија дојдоа до овој степен заради поданичкиот однос на СДС, па имаме изблив на шовинизам од Бугарска страна и јавно ветување награди за откривање на идентитетот на Македонски полицајци, и министри од СДС, како Љупчо Николовски за кој не знаеме дали за пари или затоа што е политички неписмен го објави идентитетот.

СДС има милион причини да се срами, наместо да се фали дека успеале да организираат настан кој пред нив е организиран неколку децении без проблем, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Само една третина од граѓаните имаат навика да го селектира отпадот, прилепчани најактивни

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следуваат неколку значително топли денови