Утрински Весник
Свет

Резников: Украина нема да го користи оружјето со долг дострел, за напад на Русија

Резников: Украина нема да го користи оружјето со долг дострел, за напад на Русија
Img 5587

Украина нема да го користи оружјето со долг дострел, ветено од САД за цел на руска територија, туку само руски единици на окупирана украинска територија, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.

dobivaj vesti na viber

САД во петокот потврдија дека новите ракети, кои ќе го удвојат досегот на удар на Украина, се вклучени во пакетот воена помош за Киев во вредност од 2,175 милијарди долари за да се одмазди на нападот на руските сили, објави Ројтерс.

Img 5587

– Ние секогаш официјално им кажуваме на нашите партнери дека нема да користиме оружје испорачано од странски партнери за цел на руска територија. Напаѓаме само руски единици на привремено окупирана украинска територија – изјави Резников на новинарите на прес-конференција.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави претходно денеска дека постои договор со претседателот на Украина Володимир Зеленски дека оружјето што го испорачува Запад ќе се користи само на територијата на Украина и нема да се користи за напади на територијата на Русија.

Во интервју за „Билд“, на прашањето дали има договор со претседателот Зеленски дека оружјето од Запад ќе се користи само на територијата на Украина и дека нема да се користи за напад на територијата на Русија, Шолц одговори дека „ има консензус за ова“,пренесе Телеграф.рс.

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години