Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Последните предлог-закони на ДУИ се показател за нивното нецелосно разбирање на Уставот

1707051574 Unnamed File.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека последните предлог-закони на ДУИ се показател за нивното нецелосно разбирање на Уставот, законите и компаративната практика и се резултат на очај и паника

Иако разбираме зошто ДУИ ги прави овие чекори, не можеме на ниту еден начин да ги оправдаме. Впрочем, ова ние и го најавивме бидејќи знаеме кои лични мотиви се причината за овој негативен однос од нивна страна.

Советуваме ДУИ да разгледа повторно каде ги вложуваат своите ресурси, бидејќи предложените закони се несоодветни и некомпатибилни со уставните и правните норми на нашата држава.

Рамковниот договор е важна придобивка и актуелната политичка коалиција ќе продолжи да го почитува, применува и заштитува. Важно е да се зачува уставниот поредок и да се дејствува во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на овие принципи и ќе продолжи да се бори за доброто на нашата држава.

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци