Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше

Img 1530 1.jpeg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци.

Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата.

Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема кредибилитет да говори за понижување.

Партијата која го избриша АСНОМ од Уставот, која вели дека Македонија постои од 1944 година, која вели дека сме биле Бугари пред тоа, е лицемерно да зборува за понижување.

Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот.

Нам тоа ни е јасно, затоа што тие се политички глодари и лешинари кои не сакаат Македонија да оди напред. Години и години ќе ни требаат да ја поправиме штетата што вие, талогот на општеството, со децении и ја правите на Македонија.

Можете да прочитате

Четири возила утрово се судриле на патот Гостивар – Стража

Од партиска држава кон институционална држава, најголемиот предизвик на македонската демократија

СДСМ: Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од власта