Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска нема бугарски пасош

Vmro.webp.webp

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува.

Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори.

Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија.

Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат, или сам дал дозвола да го носат кон дното не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Приведено лице од Кочани, возело без возачка дозвола, во возилото најдена поголема количина брендирана роба

СДСМ: Реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес