Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено

Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат. Инфраструктура, инвестиции во образованието, спортот и културата се меѓу областите каде најмногу се инвестира. За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од СДС скоро и да немаат ништо сработено,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека 1 година помина од последните локални избори, а во општините управувани од кадри на СДС имаме само стагнација. И наместо да се фатат за работа, градоначалниците од СДС, како и нивната партија се служат со лаги, манипулации и криминал.

Нема отчет во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип. Нема затоа што нема со што да се пофалат, затоа што градоначалниците на СДС работат само за себе, а не за жителите на општините со кои управуваат.

Народот јасно ја гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Затоа и СДС ќе загуби на следните избори, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Македонија треба да има една изборна единица

Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

Зајкова: Целата манипулација за Изборниот законик ја плаќаат граѓаните, додека ги гледаат и ги лажат во очи