Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните со голема поддршка за договорот со Обединетото Кралство

Vmro.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Граѓаните даваат голема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ над 50%, но даваат и поддршка на стратешкиот Договор на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучен со Обединетото Кралство.


Над 41% од граѓаните го поддржуваат договорот со Обединетото Кралство, кој не става на иста маса со големите земји и рамноправно одлучуваме за иднината.

Граѓаните ја препознаваат искрената намера на договорот со Обединетото Кралство, кој ќе донесе новитети во инфраструктурата, енергетиката, здравството, образованието и дигиталната трансформација.

Ние нема да правиме анекси, нема да класифицираме договори, туку ќе работиме исклучиво во интерес на граѓаните. Затоа и СДС, првенствено го напаѓаше договорот, но кога видоа за што станува збор, бидејќи јасно и транспарентно се беше објавено, си ја свртија капата и не кажаа ниту збор повеќе.

Со договорот освен поддршка за економијата од Обединетото Кралство, добиваме нов Клинички во Штип, реконструкција на болниците во Тетово и Кичево, нов медицински факултет и студентски дом од 200 легла во Штип, изградба на железничката пруга на коридорот 10, изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, како и заштита во делот на сајбер безбедноста.

Ова се дел од проектите кои Владата планира да ги направи преку стратешкиот договор со Обединетото Кралство. Добиваме ниски камати поради добриот кредитен рејтинг на Обединетото Кралство, грејс период – не треба да плаќаме додека не изградиме и добиваме искуство и обука од стручни лица од Обединетото Кралство.

Продолжуваме понатаму, ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!

Можете да прочитате

Се уште не се знае дали ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе настапат во Куманово и Центар, Мицкоски вели преговорите се движат во одлична насока

Средба на министерот Тошковски и генералниот директор на ИЦМПД Михаел Шпинделегер

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа амандманите за помош за настраданите во Кочани и за справување со пожарите