Утрински Весник
Свет

Меѓународната агенција за енергија предлага работа од дома за ублажување на растот на цените на нафтата и горивата

Rabota Od Doma.webp.webp

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денеска објави извештај во кој се наведени низа итни мерки што владите, компаниите и домаќинствата можат да ги спроведат за да го намалат притисокот врз потрошувачите поради прекините во снабдувањето со нафта предизвикани од војната на Блискиот Исток, вклучително и префрлање на работа од дома секогаш кога тоа е можно.

Новиот извештај издвојува десет мерки што можат брзо да се спроведат, првенствено во патниот сообраќај, кој сочинува околу 45 проценти од глобалната побарувачка за нафта, но исто така и во авиосообраќајот и индустријата.


ИЕА, исто така, предвидува намалување на максималната дозволена брзина на автопатите за најмалку 10 километри на час, поголема употреба на јавниот превоз, како и ограничување на пристапот до приватни автомобили во големите градови преку системот за ротација на таблички.

Можете да прочитате

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат

Украина тврди дека погодила четири руски центри за управување со дронови

Најмалку четири лица загинаа во железничката несреќа во Египет