Утрински Весник
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се обидува да најде оправдувања, но е заглавен во калта на сите системски неуспеси што ги остави зад себе

Vmro Dpmne 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение на ВМРО ДПМНЕ :

Филипче и СДС работеле на штета на јавното здравје на граѓаните.


Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури.

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.

Деструктивните политики на Филипче, СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството, како историскиот скандал на Онкологија.

Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне, а неговиот мандат беше обележан со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија.

Филипче во паника се обидува да се оправда, но заборава дека нему му се случи модуларната болница.

Филипче набавуваше вакцини за ковид од непостоечка фирма во Кина, Филипче беше неспособен да набави вакцини, имаше недостиг на маски за медицинските работници сред ковид пандемија, немаше кислород и болнички кревети, медикаменти, тестови за ковид и опрема.

Филипче и СДС местеа тендерите во четири очи, кои ги затскриваа позади здравствената криза.

 Филипче треба да знае дека оваа влада не работи „како до сега” и не работи на реверс со кршење закони и крадење ампули.

ЈО да отвори истраги за да се испитаат сите прекршувања на закони, процедури, постапки и тендери во здравството.

Можете да прочитате

Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Костадиновски: Укинувачка одлука на Кривичниот законик во февруари би направила поголема штета од онаа што ја направија пратениците

Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација