Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е марионета на Заев во СДСМ кој не нуди ништо ново на политичката сцена

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Во СДС ништо не се менува, Филипче и новите кадри се продолжена рака на Заев.

Филипче е лојален на Заев, ги поддржува и е дел од сите предавства, скандали и  криминали на претходното раководство.

Филипче не се откажува од Заев а со тоа не се откажува ниту од криминалите кој тој ги правел во РЕК Битола, ЕСМ и предавствата со Бугарија.

Филипче не се откажува од Заев и старите политики и афери како издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци, како и од рекетот и криминалот во фирмите кои ги правеле.

Филипче не се откажува од Заев затоа што тој верно го следи Заев и сака да биде како Заев.

Филипче е бледа копија на Заев. Заев е тој што раководи со СДС од далечина, додека се рашетува по Дубаи и светот со парите спечалени на грбот на македонскиот народ.

Филипче и тимот на СДС не нудат ништо ново на политичката сцена. Дека тимот на Филипче не е ништо поразличен и е континуитет со политиките на Заев знаат и членовите на СДС, а тоа се гледа и во кадровската криза и проблемите во екипирањето.

Во раководството на СДС на важни позиции има личности кои што немаат ниту ден партиски стаж и коишто се јавно непознати, но се верни слуги на Филипче и Заев.

Нема јака опозиција си вакви репрезенти кои се континуитет на погубните политики на Заев.

Можете да прочитате

Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник

Заедничка акција на МВР и Шумската полиција – одземаат украдени огревни дрва во Арачиново