Утрински Весник
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да одговори дали кога сакаше да се зајми 500 милиони евра за Клинички кој не го изгради и да смени 4 закони и еврообврзницата со каматна стапка од 7 проценти беа поповолни од сегашната соработка со Унгарија

1707051574 unnamed file.webp.webp

Кога неврохирургот на Заеви Венко Филипче зборува за парите за специјалната финансиска соработка со Унгарија, а притоа се труди се да заборави од минатото ќе го потсетиме и прашаме на две едноставни прашања:

Дали кредитот од 500 милиони евра што сакаше да го земе за Клинички центар, а за кој суспендираше 4 закони меѓу кој и законот за јавни набавки е поповолен за него?

7 години подоцна, нема нов Клинички центар. А, го стопираше тој од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

И второ прашање за Филипче, дали задолжувањето од 500 милиони евра за евро обврзницата која ја направи владата на СДС и ДУИ со каматна стапка од 7 посто е поповолна од каматната стапка за соработката со Унгарија која изнесува 3.25%.

Заштедата сега споредено со еврообврзницата на СДС изнесува до 19 милиона евра годишно.

Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!