Утрински Весник
Македонија

РЕК Битола надвор од функција, екипи работат на надминување на состојбата

Thumbnail Rek Bitola Tri Bloka.jpg

МЕПСО информира дека заради испад на 110 киловолтна собирница, надвор од функција е РЕК Битола.

-Околу 15:45 часот дојде до прекин на напојувањето, по што од мрежа испадна Блок 1 на РЕК Битола. Прекинати се и пуштачките операции на Блок 3 кои беа во тек, а по чие завршување во функција требаше да биде ставен и овој блок, се наведува во соопштението.

Стручни лица од РЕК Битола веќе работат на надминување на состојбата и ставање на комбинатот во функција.

Можете да прочитате

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут