Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС со поставување на келнер за директор, намерно го докрајчуваат МЖ Транспорт

Воз удри во автомобил: Загина маж, а тројца се тешко повредени

Неспособноста на власта нема граници, а најнов доказ за тоа е поставувањето на Зуљхајрат Демири, за нов генерален директор на Македонски Железници, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ На чело на најголемиот државен загубар во Македонија, кој должи 70 милиони евра, се поставува лице, кое нема никаква стручност во оваа сфера но затоа има работено како келнер. Очигледно е дека МЖ Транспорт единствено се користи само како средство, за задоволување на коалициските партнери и за нови партиски вработувања.

Се ближи 150 годишнината од постоењето на Македонски Железници на 9ти Април, а во исто време работниците се во штрајк, возовите се во мирување и оставени се граѓаните без превоз“ соопшти партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, целта на ДУИ и СДСМ е јасна, докрајчување на МЖ, на штета на државата, работниците и граѓаните, додека, како што велат, криминалите и богатењето на ДУИ И СДС се во прв план.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец