Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и Али Ахмети не одлучуваат дали ќе ја напуштат владата, СДС треба да се охрабри за подадената рака за преодна влада

„Премиер Албанец не е ништо ново, кампањата на ДУИ нема да ја коментирам, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се националисти“, порача Ковачевски

Лоша вест е тоа што не одлучува ДУИ и Али Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти владата. СДС треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната седница во ДУИ.

dobivaj vesti na viber

На состанокот ДУИ го реафирмираше ставот дека е подготвена да ја напушти Владата уште истиот ден кога ќе стапат на сила уставните измени, ако тоа е услов за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ при гласањето.

ВМРО-ДПМНЕ претходно изрази подготвеност да гласа за уставни измени, ако по нивното усвојување биде формирана преодна влада во која нема да биде ДУИ, но едно од опозициските барања, каде што се разидуваат со интегративците, беше уставните измени да стапат во сила во моментот кога Македонија ќе влезе во ЕУ, а не веднаш по гласањето.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити