Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски да одговори според кој НАТО стандард огранокот на СДС Арачиново регрутира професионални војници

ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски да одговори според кој НАТО стандард огранокот на СДС Арачиново регрутира професионални војници

„Скандал и блам, партијата на дезертерот Ковачевски регрутира професионални војници преку општински ограноци“, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

На фејсбук страната на СДС Арачиново, како што додаваат од оваа партија е објавено известување до членовите на СДС од Арачиново со информација сите тие кој што се јавиле на огласот за професионални војници во АРМ, да се јават кај претседателот на СДС Арачиново!

Ова, според опозициската партија е срам и блам за македонската армија.

„Ова е доказ дека СДС партизира се од чистачка до министер. Устата им е полна за стандарди и НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штабски филтер во огранок како Арачиново. Каде е министерката Славјанка Петровска, каде е дезертерот Ковачевски да кажат според кој НАТО стандард огранокот на СДС во Арачиново регрутира професионални војници во АРМ?“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„И од дезертерот Ковачевски да е, премногу е! Единиците на АРМ ги претворија во партиски штабови. Да беа нормална влада, каква што не се, уште синоќа ќе фрчеа оставки. За ваков скандал оставка треба да си поднесат и дезертерот Ковачевски и министерката Славјанка Петровска во пакет. Треба да знаат дека ако бегаат, нема да избегаат од одговорност. Народот ќе ги казни сурово на следните избори и заовој скандал и за целата катастрофална состојба во која ја донесоа државата“ , се истакнува во напишаното.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ