Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на Наумче Мојсковски по тврдењата на антикорупциската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Наумче Мојсовски да си поднесе оставка од АМС заради скандалот со распределба на ваучери
Ss2

Сергеј Попов, претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Јавното Обвинителство треба да реагира за злоупотребите на пари во Агенцијата за млади и спорт, за кои обвини Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а премиерот Ковачевски да го разреши директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски.

dobivaj vesti na viber

Попов вели дека Ковачевски наместо веднаш да постапи по ваквите тврдења на ДКСК и да го разреши Мојсовски, тој молчи и го остава на позиција, давајќи му простор да продолжи со дејствијата за кои постои сомнеж дека ги правел.

300x250 (7)

„Преку Агенцијата за млади и спорт, годишно на федерации и клубови се доделуваат средства во висина од околу 1 милијарда денари. Според ДКСК сомнителни се последните 3 години, односно 3 милијарди денари. Според ДКСК, постои основано сомнение дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на злоупотреба на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. Сомнежите се дека Наумче Мојсовски, назначен од СДС, извршил злоупотреба и фаворизирал клубови и федерации на сметка за него неподобни. И сето ова се случувало 3 години, и никој од власта не го спречил“, рече Попов.

Тој праша зошто молчат Ковачевски и Ахмети, дали и тие се дел од шемата за финансирање на клубови и дали затоа Мојсовски е се уште директор на Агенцијата за млади и спорт.

ДКСК претходно објави дека не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години