Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати

Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се бори за принципи, не за гола власт, велат од опозициската партија.

dobivaj vesti na viber

„Лошото управување со градот Скопје и нереализирање на ветеното се работи преку кои ВМРО-ДПМНЕ нема да помине. Без разлика за кого се работи. Арсовска покажа суета и ставање на својот личен интерес пред тој на градот. Со нејзиниот аматерски однос, кој не знаеме од какви побуди е поттикнат таа загрозува мултимилионски проект, каков што е прочистителната станица на реката Вардар“, посочуваат во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска, додаваат од таму, имаше лош однос и кон ЈП Дрисла и кон ЈП Градски паркинзи, чии директори со сопствени капацитети ја унапредија работата на тие претпријатија.

Наместо да прави сплетки, Арсовска, порачуваат од оваа партија, да се посвети на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од таму, ќе поддржи се што е во интерес на градот, но ништо кое што е надвор од тоа.

Можете да прочитате

Меџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата

Сиљановска-Давкова телефонски разговараше со Зеленски – му изрази поддршка за крај на војната

Скандал во Карпош: Концерти во дивоградба, опасност за посетители и изведувачи