Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот
Screenshot

„Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот, одговорност ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

„Талат Џафери во текот на целиот свој мандат ги толкува законските прописи на начин само нему разбирлив. Нормативите се јасни. Џафери не можел да применува членови од Деливникот кои се однесуваат на измени на закон, кога станува збор за измени на Устав.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Џафери не смеел да ја прекине седницата, и морал да ги стави на гласање уставните измени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Џафери го прекрши Деловникот само за да не се изрезили власта, а со тоа си стави уште едно кршење на процедурите околу врат.

Џафери знае дека во моментот кога ќе ги стави уставните измени на гласање тие ќе паднат и ќе нема друг избор освен да се распишат избори, од кои власта бега. Талат Џафери со бегството од ставање на гласање на уставни купува ден или месец повеќе власт за ДУИ и СДС“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија