Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир

Vlen.webp.webp

Соопштение на коалиција ВЛЕН:

Наместо да биде свечен настан посветен на децата, инаугурацијата на новата градинка во Матејч-Липково беше искористена како платформа за политичка промоција од страна на ДУИ. Овој чин, кој требаше да означи чекор напред во грижата за најмалите, беше претворен во партиски настан, со што се прекршија принципите на неутралност и се занемари Конвенцијата за правата на детето.


ДУИ, во недостаток на конкретни проекти, се обидува да присвои успеси кои се резултат на работата на владата ВЛЕН. Досега не понудија ниту една нова иницијатива, а сега настојуваат да си припишат инвестиции кои не се нивно дело.

Ако ДУИ навистина го смета овој проект за свое постигнување, зошто тогаш не ја поканија поранешната министерка од нивниот коалициски партнер? Ова јасно покажува дека нивните обиди да си припишат заслуги се неосновани и нелегитимни.

Граѓаните ја знаат вистината и се сведоци на позитивните промени што ги носи владата ВЛЕН. Остануваме посветени на подобрување на благосостојбата на децата и на сите граѓани, без политички злоупотреби и ниски манипулации.

Можете да прочитате

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут