Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа за случајот со Лотаријата

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега?

Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе”, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам дури и да им го споменат името.

Правда ќе има за сите. И за оние кои две децении ја злоупотребуваа власта и државните функции за да си ги полнат сопствените џебови.

Списокот на афери и обвиненија поврзани со функционери на ДУИ е толку долг, што дури и нашиот стратешки партнер, САД, јавно зборуваше за „ендемска корупција” и презеде конкретни мерки против фигури од оваа партија.

Затоа, ДУИ треба да разбере едно: законот не признава партиски фотелји, привилегии и политички штитови. Правдата ќе биде еднаква за сите.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница