Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Северна Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива.


ВЛЕН го оценува како особено важна пораката на известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал и капацитет да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. Ова докажува дека европските институции и понатаму ја гледаат Северна Македонија како дел од европското семејство и како доверлив партнер во регионот.

За ВЛЕН, европската интеграција не е само политичка цел, туку и стратешка и цивилизациска определба која гарантира владеење на правото, функционални институции, економски развој, повисок животен стандард и подобра перспектива за граѓаните.

Веруваме дека патот кон Европската Унија поминува преку вистински реформи, борба против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото, ефикасна администрација и транспарентни институции. Токму затоа, ВЛЕН ќе продолжи да придонесува со одговорност и решителност во исполнувањето на реформската агенда и во унапредувањето на евроинтеграцискиот процес.

Можете да прочитате

ЛДП: Заканите кон новинарите се закана за демократијата – институциите мора да реагираат веднаш

МЗ: Обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите

Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај” се спроведува согласно утврдените критериуми, велат од МВР