Утрински Весник
Скопје

Се асфалтира улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин

Simeon kavrakirov 1.jpeg

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на една од најзначајните улици во населбата Мичурин – „Симеон Кавракиров“, каде што е во тек асфалтирањето на коловозот и изградба на нови, современи и безбедни тротоари со бехатон-плочки и ниски рабници.

Станува збор за долгоочекуван инфраструктурен проект кој претставува значајна инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот на жителите. Улицата, со должина од 485 метри, претставува важна сообраќајна врска низ која секојдневно се движат голем број граѓани.


Реконструкцијата опфати целосна обнова на коловозната конструкција, при што се предвидени 3.950 квадратни метри нов асфалт и изградба на 2.305 квадратни метри тротоарски површини со бехатон-плочки.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 22 милиони и 630 илјади денари.

Со реализацијата на овој проект, улицата „Симеон Кавракиров“ добива модерен изглед и значително подобрени услови за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, со што директно се унапредува секојдневното функционирање на жителите на Мичурин.

Општина Аеродром продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти низ сите населени места, со цел унапредување на урбаната инфраструктура и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните.

Можете да прочитате

Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките

Дел од централното градско подрачје денеска без вода

Поуреден и почист кеј: Град Скопје инвестира во нова урбана опрема