Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Груби го држи Ахмети во заложништво

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Жално е да се гледа како ДУИ се препелка во сопствената кал. Имаа мандат во владите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вкупно цели 20 години, а освен гол популизам, нивните наводни остварувања за Албанците немаат никаква реална политичка тежина. 


Сега излегуваат на виделина сите нивни манипулации. Наместо системски и долгорочно да ги решаваат прашањата за правата на Албанците тие ни оставија во наследство фалични алатки кои биле само параван за криминалното богатење на функционерите на ДУИ. 

Крајно потценувачки и многу ефтино изгледа тезата дека се почитува Охридскиот Рамковен договор, се исполнуваат ЕУ перспективите и се одржува и унапредува стратешкото партнерство со САД, само кога ДУИ е дежурен партнер во сите Влади. Овој наратив е очајнички обид на Ахмети да остане политички релевантен. 

Паралелно го следи стравот од сведоштвата на Артан Груби, кој како црната кутија на ДУИ држи во заложништво минимум пет актуелни партиски функционери. 

Поради ова потценување на интелигенцијата на Албанците и овој долгогодишен манипулативен однос, ДУИ ја плати цената на локалните избори, но очигледно сѐ уште не ѝ доаѓа памет.

ВЛЕН веќе дава вистинска лекција за тоа како се третираат и решаваат прашањата од висок интерес за Албанците.

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“

Предлогот за укинување на техничката влада денеска пред пратениците

Партнерства имаме и стратегијата за ЕУ треба да се гради и преку нив