Утрински Весник
Македонија

ЗИМАТА СЕ ВРАТИ: Нагло залади времето има обилни врнежи, на дел од планините снег

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во западните предели од Македонија. Најмногу воден талог до 8 часот утрово наврна во Маврово и тоа 48 литри на метар квадратен воден талог.


Сепак изминатата ноќ настапи нагло заладување на времето проследено со северен ветер па така на планинските места над 1300/400 метри надморска височина врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег па така ова утро снег има на Попова Шапка, Маврово, Лазарополе како и на планинскиот превој Стража.

Најладно утрово до 8 часот беше на Попова Шапка каде температурата се спушти под нулата, одсносно измерени се -2 степени.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури за денес по градови и места во Македонија до 8 часот утрово како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен исто така до 8 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.

До крајот на денов исто така продолжува ладното време за овој период од годината со северен ветер  и локални врнежи од дожд а на планините над 1300/1400 метри надморска височина  и собено во западните предели од Македонија и понатаму ќе има повремни врнежи од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец а температурата денес во Македонија ќе се искачува во интервалот од 5 до 16 степени а во Скопје  и околината максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Да напоменам дека на планинските  и на Скијачките места во Македонија температурата ќе се задржи околу нулата а на планините со поголема надморска височина температурата постојано ќе биде под нулата.

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“

Предлогот за укинување на техничката влада денеска пред пратениците

Партнерства имаме и стратегијата за ЕУ треба да се гради и преку нив