Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар, здравјето на граѓаните е над сѐ

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ВЛЕН ја поздравува брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар.


Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да помине без одговорност, како што се случувало многупати во минатото. Очекуваме темелна, независна и сеопфатна истрага што целосно ќе го расветли случајот.

Воедно, го поздравуваме ангажманот на сите релевантни институции на централно ниво кои им излегоа во пресрет на жителите на Гостивар. Засегнатите граѓани ја добиваат потребната здравствена грижа, а се обезбедува и вода за пиење сѐ до конечното решавање на проблемот.

Уште еднаш се потврдува дека долгогодишното лошо владеење има своја цена, која денес ја плаќаат граѓаните: Гостивар без вода за пиење, Зајас без канализација.

Врв на цинизмот е што Али Ахмети и Арбен Таравари повторно бараат доверба од граѓаните, додека последиците од нивното владеење и понатаму го загрозуваат здравјето и секојдневниот живот на граѓаните.

Можете да прочитате

Владата донесе одлука: Се прогласува 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Кога водата станува политичко, а не комунално прашање

Славјанка Петровска против дневна политика: Наместо препукувања, Владата веднаш да преземе акција за безбедна вода во Гостивар