Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: ДУИ со устата полна со Европа, а со рацете длабоко во европските фондови

Vredi vlen.jpg

Изјава за медиуми на Дритон Сулејмани од ВЛЕН:

Почитувани граѓани,
Почитувани претставници на медиумите,


Откако беше обелоденет скандалот со канализацијата во Кичево, од ДУИ не слушнавме ниту еден збор. Три мандати по ред оваа партија ја имаше Општина Кичево во свои раце. Токму за време на нејзиното владеење, проектот вреден повеќе од девет милиони евра, финансиран со средства од Европската Унија, требаше да биде завршен во 2024 година.

Како што е познато, парите се дадени, роковите поминаа, а жителите останаа со септички јами.

Две недели целосен молк. Од нив слушаме сè и сешто. Секој ден имаат по некоја приказна за патриотизам. Но, за скандалот поради кој Зајас, родното место на нивниот претседател Али Ахмети, остана без канализација, никој не отвора уста.

Молчи Али Ахмети. Молчат поранешните раководители на општината. Молчат и оние што со години управуваа со општината, институциите и проектите што се реализираа таму.

Нивниот молк само го засилува сомнежот дека рацете ги пикнале до лакти и во европските фондови. Пред јавноста зборуваат за интеграции и европски стандарди. Но, кога треба да објаснат што се случило со повеќе од девет милиони евра на европските даночни обврзници, молчат.

Почитувани,

Вака ДУИ владееше повеќе од две децении. Устата постојано им беше полна со Европа, но кога стануваше збор за европските фондови, ги забораваа и европските вредности и стандарди. Најсрамниот дел од овој скандал е тоа што станува збор за Зајас, родното место на Али Ахмети. Ако вака се грижеле за Зајас, тогаш може да се замисли како се грижеле за другите населени места во кои живеат Албанците.

Девет милиони евра не се малку пари за да не се знае каде завршиле. Тоа се пари на европските даночни обврзници, наменети за канализација и за обезбедување основни услови за живот на жителите.ДУИ може да се однесува како ништо да не се случило, но молкот нема да го прикрие скандалот. Напротив, секој ден без одговор само го засилува сомнежот дека сакаат овој скандал и овој срам да бидат заборавени. Ние нема да дозволиме овој скандал да биде заборавен, но нема ниту да ги оставиме жителите на Зајас и понатаму да живеат со септички јами. Тоа го кажавме и претходно, а го повторуваме и денес, канализацијата Зајас–Другово ќе ја довршиме.

Можете да прочитате

Скопјанка пријавила дека маж качен на скала ја гледал додека се пресоблекувала во бутик

ИЈЗ викендов ги анализира мострите од гостиварската вода

ЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говорот