Утрински Весник
Македонија

Мицоски: Наскоро ќе се знае кој го наредил ова во Гостивар, одговорност ќе има

Mickoskigjorce.jpg

Истрагата за причините за масовните стомачни тегоби кај жителите на Гостивар е во завршна фаза, а резултатите од проверките и анализите наскоро ќе бидат објавени, најави премиерот Христијан Мицкоски.

При денешната посета на Општина Дебарца, Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се вклучени во расчистување на случајот, при што се вршат детални проверки и анализи на земените мостри, вклучително и од водата.


Тој посочи дека со случајот се занимава и Јавното обвинителство, а јавноста наскоро ќе добие информации за тоа што точно се случило и кој ќе понесе одговорност.

„Многу скоро ќе излеземе со информација за тоа што се случило, кој ја дал наредбата тоа да се случи и, се разбира, ќе има одговорност“, изјави Мицкоски.

Премиерот оцени дека е особено загрижувачки доколку се утврди дека до состојбата дошло поради неодговорно постапување на поединци.

„Не можам да разберам како некој може толку дрско и несовесно да се однесува, објави 4news.mk За мене ова е шокантно и неверојатно. Но, овој случај нема така да заврши – ќе има одговорност, а таа ќе се утврдува и низ судска постапка“, порача тој.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп