Утрински Весник
Балкан

Владата во Косово не се консултирала со претседателката Османи за писмото испратено до Совет на Европа

Vjosa Osmani.jpg

Владата во Косово не ја консултирала претседателката на земјата Вјоса Османи за писмото испратено вчера до Советот на Европа, со кое се најавува подготовка на нацрт-статут за Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) од страна на косовската Влада. Беким Купина, советник за медиуми при Претседателството, преку соопштение за јавноста наведува дека „каков било дериват од прелиминарното писмо за намери потпишано од трите институции“ – претседателката Османи, собранискиот спикер Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти, во однос на намерата за создавање на ЗСО, мора да биде координиран и одобрен од трите институции, јави допинсикот на МИА од Приштина. -Претседателката Османи поддржува само позиции и дејствија претходно консултирани, координирани и договорени со институцијата Претседател како уставна институција со јасни овластувања во областа на надворешната политика и како чувар на уставното функционирање на институциите. Ова писмо не е такво. Можеби е консултирано и координирано со поединци надвор од институциите кои денеска го објавија овој допис, но не и со Претседателката“, посочи советникот на Османи, Купина. Во неговото соопштение се наведува дека претседателката Османи ќе поддржи секаква акција во насока на остварување на членството, во целосна согласност со државните интереси и Уставот на Република Косово. „Затоа се прават напори да се убедат земјите членки што поскоро да свикаат вонредна седница на која ќе гласаат за членство на Косово во оваа организација (СЕ)“, наведе Купина. Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала на денешната прес-конференција беше прашана дали писмото што го испрати до Советот е однапред договорено со Османи, но не даде конкретен одговор, туку само кратко рече дека се координирала „со сите институции“.

Можете да прочитате

Мицотакис уште еднаш повтори дека во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Земјотрес ја стресе БиХ

САД и ЕУ покренуваат заеднички механизам за зајакнување на интегритетот на информациите во Западен Балкан