Утрински Весник
Балкан

Јандроковиќ реизбран за претседател на хрватскиот Сабор

Picture 494 660x472 1.jpg

Гордан Јандроковиќ од владејачката централно-десничарска партија Хрватска демократска заедница (ХДО) по трет пат е избран за претседател на хрватскиот Сабор. Никој од неговите 11 претходници не го постигна тоа во 34 години постоње на хрватскиот Сабор. Со назначувањето на Јандроковиќ за претседател, беше завршено конституирањето на 11. Сабор откако Хрватска стана независна во 1990-тите. На изборите на 17 април, ХДО освои 61 мандат во 151-члениот хрватски Сабор, но го нема потребното мнозинство за да добие мандат за формирање влада и мора да преговара со коалициските партнери. Следуваше главната опозициска Социјалдемократска партија со 42 мандати, Патриотското движење освои 14, десничарскиот Мост 11, а зелено-левичарската платформа Можем – 10 мандати. Во Саборот влегуваат уште три помали партии. На претставниците на малцинствата им се загарантирани осум пратенички места, а на дијаспората три.  Јандроковиќ е избран со 144 гласа „за“ и 6 „против“.

Можете да прочитате

Путин ќе ја посети Република Српска, тврди Додик

Мигранти се тепале во Србија, едно лице загинало

Унгарската влада на ТИСА положи заклетва, Маѓар вети служба во интерес на нацијата наместо на премиерот