Утрински Весник
Свет
Img 7972

Владата на Мали запленила три тони злато од канадската компанија Барик

20250114081255 Big 730x400 31.webp.webp
300x250 opst2

Владата на Мали денеска почна да го запленува златото на канадската рударска компанија Барик, како дел од правната битка за дел од приходите што и се должат на оваа западноафриканска земја, се наведува во писмото на комапнијата.

Запленувањето следи по предупредувачкото писмо до Барик претходно овој месец од Високиот истражен суд на Мали, во кој се вели дека ќе бидат запленети три тони злато.


Висок менаџер на Барика вчера потврди дека владата на Мали запленила три тони злато.

Според менаџерот, златото било извадено од рудник во близина на Кејс, на западот од земјата, и било транспортирано со авион и камион во главниот град на Мали, Бамако.

Запленетото злато се проценува на околу 180 милиони.

Мали е еден од водечките африкански производители на злато, но со години се бори со насилство и високи стапки на сиромаштија и глад.

Можете да прочитате

Трамп: Светата земја конечно е во мир

Трамп слета во Израел (ВИДЕО)

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени