
Руските сили денеска погодија два товарни брода во Црното Море кои превезувале оружје, муниција и воена опрема за Украина, информира во соопштение руското Министерство за одбрана.
„Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат да нанесуваат групни удари врз морски пловни објекти и инфраструктурни објекти што се користат за потребите на вооружените сили на Украина. Во текот на денешниот ден, ударни беспилотни дронови погодија во акваторијата на Црното Море товарен брод со оружје и муниција, како и контејнерски брод што превезува воено-техничка опрема“, се вели во соопштението.



