Утрински Весник
Македонија

Владата го поништи државјанството на Онишченко

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски дава македонско државјанство на шпионот и олигарх Онишченко, одговорност и оставки мора да има

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во коешто се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница. Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство“, соопшти владината прес-служба.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

6.932 прекршоци од возачи на мопеди и мотоцикли, МВР со засилени контроли

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци 

Септември ќе наликува на Јули – Продолжуваат високите температури