Утрински Весник
Свет

Руте: Следната година Бугарија може да направи чекори напред на својот пат кон Шенген

Руте: Следната година Бугарија може да направи чекори напред на својот пат кон Шенген

Премиерот на Холандија, Марк Руте е оптимист дека следната година Бугарија може да направи чекори напред на патот кон Шенген.

dobivaj vesti na viber

Руте учествуваше во Тирана на самитот на Европската Унија – Западен Балкан, заедно со лидерите на земјите-членки, меѓу кои и бугарскиот претседател Румен Радев.

Руте коментира за позицијата на Холандија за бугарското членство во Шенген:

„Во оваа фаза не е „не“ за Бугарија, тоа е „сè уште не“. Ќе биде потребно повеќе време од две причини: нова проценка на механизмот за соработка и верификација и механизмот за верификација на Шенген. Разговарав со претседателот Румен Радев и јас сум оптимист дека следната година можеме да направиме чекори напред“.

Можете да прочитате

Трамп изјави дека САД „веројатно“ вечерва повторно ќе го нападнат Иран

Макрон утрово во Анкара го започна со трчање

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата