Утрински Весник
Економија

Владата ја обврза ЕСМ да обезбеди парно греење во Скопје

Владата ја обврза ЕСМ да обезбеди парно греење во Скопје

Владата на денешната седница, со цел обезбедување топлинска енергија во Скопје, донесе одлука со којашто на ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје му се наметнува обврската за обезбедување на оваа јавна услуга.

dobivaj vesti na viber

Обврската на ЕСМ ДООЕЛ Скопје се однесува на вршење енергетска дејност: регулирано производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите на дел од подрачјето на градот Скопје и тоа за подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир, како и за обезбедување топлинска енергија за покривање на загубите во системот, системска резерва и системски услуги за одржување на потребните работни параметри во рамките на системот за топлинска енергија за овие делови од Град Скопје.

Можете да прочитате

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава – долгот го плаќа народот!

Нова граѓанска обврзница до крајот на 2026, условите допрва ќе се знаат

Николоски-Зечевиќ: Подоброто транспортно поврзување меѓу Македонија и Црна Гора е клучно за економскиот развој на регионот