Утрински Весник
Економија

Влада: Најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, a просечната 26.258 денари

Vlada.webp.webp

Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери.

Со исплата на мартовската пензија за 2.500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензионерите за 5.000 денари.


Со сегашното зголемување најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.

Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот.

Дополнително дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж.

Грижата за пензионерите е наша обврска и цел.

Како Влада продолжуваме целосно посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

Можете да прочитате

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

М-таговите отсега достапни преку мобилните оператори по цена од 49 денари месечно

Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%