Утрински Весник
Македонија

Високи температури – намалени количини вода за пиење во употреба е ставен и Лешничкиот систем за да се задоволат потребите на граѓаните

20210618 Fakt Ili Mit Dali Pienjeto Voda Pomaga Pri Gubenjeto Kilogrami M.jpg

Високи температури – намалени количини вода за пиење. Во ЈКП „Шари“ од Тетово веќе стигнуваат поплаки од жителите во повисоките делови на градот кои често се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето. Во употреба е ставен и лешничкиот систем за да се задоволат потребите на граѓаните.

„Последните 20 дена имаме пад некаде околу 100-тина литри вода во секунда. Дојдовме до констатација дека мора да се интервенира со пуштање на Лешничкиот систем, односно цевководот која води вода од река Лешница кон градот Тетово. Така изгубената количина од старите извори да ја надополниме и стигнеме на ниво на 450 литри во секунда, колку што може и да прифати системот на градот Тетово“, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на сектор „Водовод и канализација“ при ЈКП „Шари.

Потрошувачката се очекува да се зголеми поради најавите за продоложување на топлиот бран, но и со доаѓањето на печалбарите, со што се зголемува и бројот на корисници. Од комуналното претпријатие апелираат водата рационално да се користи и да се избегнува досегашната практика на несовесните граѓани, кои често „разладуваат“ асфалт, наводнуваат тревници и слично.

„Годинава имаме забележано уште позголемено несовесно трошење на вода. Некој нема вода за основни потреби, а се злоупотребува за нешто што е луксуз како што е полнење детски базени, перење возила, за вадење домати. Би побарал граѓаните да бидат посoвесни барем во овој период сега“, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на сектор „Водовод и канализација“ при ЈКП „Шари.

Поголем ред се очекува да се воведе со поставување на нови водомери, затоа што сега наплатата за потрошена вода е паушална. Од претпријатието информираат дека во тек е изработка на физибилити студија, а според најавите на општиските власти, водомери треба да бидат поставени до крајот на годинава.

Можете да прочитате

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб

ИЈЗ: Постојаното седење на климатизирано може да предизвика здравствени проблеми

Маријана Илиевска е нова членка на Советот на јавни обвинители